Текстот е превземен од дневен весник „Дневник“

Автор: Зоран Г. Маџоски

Фото: МИА

Со венчавка на годинашниот пар Александра Крстевска и Васе Ѓорѓевски во црквата „Св. Петар и Павле“, заврши 40-тото издание на Галичка свадба. Годинава, во двата дена на манифестацијата, присуствуваа околу три илјади гости, кои имаа можност да видат дел од вековната традиција на мијаците.

Младенците го споделија своето искуство непосредно по свадбата.

– Најголем впечаток ми оставија обичаите симнување од коњ и внесувањето во домот на зетот. И покрај тоа што церемонијата траеше повеќе часови, сепак пријатно се чувствував во носијата, рече невестата.

– Им благодарам на организаторите што ни овозможија да бидеме презентери на вековната традиција. Овој ден ќе биде трајно врежан во моите сеќавања, рече зетот.

Покровителот на манифестцијата, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата Маја, на младенците им го честита бракот и им посака да создадат многудетно семејство. За свадбен подарок младенците добија икона со Исус Христос.

– Оваа манифестација е отсликување на традицијата на мијачијата и македонскиот народ. Како што е Тешкото одраз на еден непокор, така треба да се однесуваме и понатаму и да се грижиме за опстојот на татковината, рече претседателот Иванов.

Играорците од „Фолклорни бисери“ со овации и долго ракоплескање беа наградени откако го изиграа „Тешкото”, следено од пискотот на зурлите и тапаните на дебарската тајфа  Мајовци.

Одржувањето на оваа манифестација е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги зачуваат од заборав обичаите карактеристични за мијаците. Првата Галичка свадба е одржана во 1963 година. По две изданија, повторно е обновена во 1973 година.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider