Текстот е превземен од “Утрински весник“- автор Киро Кипровски

(Текст посветен на убавините на Македонија објавен во шпанскиот весник „Ел мундо“)

Во шпанскиот весник „Ел мундо“, неодамна беше објавен напис со наслов „Маврово се бакнува со небото “ , од авторката Јавер Мазора. Текстот е илустриран со две фотографии и тоа фотографија од црквата „Свети Никола“ којашто се наоѓа во водите на Мавровското езеро и фотографија од Бигорскиот манастир.

Во написот, авторката на текстот им ја претставува на читателите нашата држава, историја, географија, културни и духовни вредности, ски-центарот Маврово, како и начините како брзо, едноставно и за прифатлива цена да дојдат во Македонија.

„Во моментот кога нашето срце забрзано почна да чука, пред нас се појави пистата на аеродромот „Александар Велики“. Реално гледано, целиот терен на Република Македонија не е само со планини. Тука е Вардарскиот регион каде што се произведува одличното вино „Тиквеш“. Инаку, Тиквеш е регион кој е само еден дел од 25 000 квадратни километри целосна територија приближно голема колку провинцијата Де Бадајоз. Геолозите забележале не помалку од 26 планински венци и 80 врвови во Македонија. Ова е неверојатен број за толку малечка територија. Има планини кои се повисоки од 2000 метри, а најголемите врвови се сконцентрирани на Западот, во една физичка линија којашто исто така е и духовна линија помеѓу Скопје и Охрид. На оваа линија се наоѓа и Маврово. Маврово опфаќа еден цел регион на западот од земјата, кој е воден и ски-регион. Овде е најважниот парк, Национален парк „Маврово“. Инаку, Република Македонија е мала земја која наполни дваесет години од својата независност (по нејзиното одвојување од Југославија, во чиишто рамки се наоѓаше од 1913 година).“

Во текстот потоа се забележува: „ Во Националниот парк „Маврово“, кој се наоѓа на границата со Албанија и од каде што се шири огромниот Голем Кораб кој достигнува скоро 3000 метри е видливо дека Маврово се бакнува со небото над Македонија. Овде убавината не е само поради високите врвови, туку и поради самото тоа што на некој начин ова претставува кулминација на една територија преполна со манастири, цркви и џамии. Значаен е и фактот дека турското и албанското малцинство го надополнуваат ова културно богатство на Македонија. Многуте цркви се наоѓаат во главниот град на Македонија и во таканаречениот православен Ерусалим – градот Охрид, а како главен центар е манастирот „Св. Јован Бигорски“, сместен по долината на реката Радика во срцето на Националниот парк „Маврово“….

Во опширниот текст посветен на Македонија, во текст насловен  „Меѓу планините“ авторката ќе напише дека има и други манастири во регионот, вклучувајќи и еден женски манастир покрај Дебарското Езеро ама ниеден не може да се спореди со манастирот „Св. Јован Бигорски.“

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider