Проектот започна во септември 2008 година и траеше три години, а беше финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Република Италија и имплементиран од страна на невладините организации Оксфам Италија и ГВЦ како и од ЈУНП Маврово кој беше главен партнер во рамките на проектот.

Целта на оваа иницијатива беше да ги подобри условите за живот на жителите од Националниот парк Маврово, Општината Маврово и Ростуше и тоа со примена на стратегија за вклучување и учество на локалното население во управувањето со природните ресурси и заштитата на животната средина насочена кон одржливост на природните и еколошките вредности  на подрачјето и кон промоција на иницијативи за локален развој.

Проектот беше насочен кон остварување на следниве цели:

a) Поддршка на тековните процеси на планирање и децентрализација;

b) Промоција на активности од областа на еко-туризмот;

c) Едукација на тема животна средина;

d) Валоризација и заедничко управување со природните ресурси, и

e) Интегрирано управување со отпад.

Во рамките на овој проект беше изработен нов менаџмент план на Националниот парк Маврово, кој откако ќе биде одобрен од страна на Министерството за животна средина на Р. Македонија, се очекува да обезбеди економски развој за населението во согласност со целите за заштита на биолошката разновивидност на паркот. Во рамките на проектот беа реализирани активности насочени кон промоција на еко-туризмот со отворањето на  туристичко-информативната канцеларија, со реализацијата на 500 km пешачки патеки и патеки за планински велосипедизам и со реконструкцијата на сместувачкиот капацитет „Куќата на паркот”. Воедно, за жителите беше извршена едукација на тема животна средина, а за персоналот вработен во Паркот истотака беше извршена обука (capacity building). Значаен дел од иницијативата беше посветена на поддршката на  производствените активности, преку Фондот за развој (Grants) наменет за поддршка на приватни бизнис-иницијативи на локалното население, но и за подобрување на состојбата со отпадот (преку донација на повеќе од 60 контејнери и опрема за собирање на отпадот во непристапните делови на паркот).

Главните корисници на придобивките од проектот се ЈУНП Маврово, Општината Маврово Ростуше и локалното население. Проектот предвидуваше и активно вклучување и учество на локалното население во заедничкото управување со природните ресурси.

Завршната конференција на која пред пошироката јавност, детално беа презентирани резултатите од реализацијата на проектот, се одржа на 7.11.2011 (среда) во хотелот „Стоун Бриџ“.

Пред гостите се обратија претставници на сите партнери кои беа вклучени во проектот и тоа: Директорот на ЈУНП Маврово г-дин Онер Јакупоски, Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г-дин Мукрем Мехмеди, Заменик-министерот од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија и координаторот на проектот Даниеле Педрети.

Присутните имаа можност да се запознаат со сите фази на проектот, со реализираните проектни активности, а воедно им беа презентирани и крајните резултати од проектот.

Спроведувањето на програмите кои ќе произлезат од самиот документ т.е од Планот за управување со националниот парк Маврово, започнува од 2012 година. Со ова се отвараат нови можности за поинтензивен развој на паркот, а првичните резултати се очекуваат уште на почетокот од наредната година.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider