[:mk]

Деновиве на патеката „Мирна долина“ ќе се одржат натпревари во нордиско скијање како дел од традиционалниот Мавровски меморијал. Ќе се одржат трки на на 5 километри за жени и на 10 км за мажи, на кои ќе настапат нордијци од Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Македонија и првпат од Венецуела.

На меморијалот ќе настапат и неколку наши нордијци, а највисок пласман се очекува од Дарко Дамјаноски и Ѓорѓи Ицоски.

Како дел од македонската селекција се и Соте Андреески и младиот Тони Станоески (18), а Росана Кироска и 14-годишната Марија Колароска ќе ја претставуваат Македонија во женска конкуренција.

„Мавровски меморијал“ се одржува од 1962 година во спомен на загинатите работници при изградбата на мавровските хидроцентрали. (Р.Д.)

Официјалниот почеток на настанот  е во четврток  02.02.1012г. а свеченото отворање ќе започне во 16ч и 30 мин. Натпреварувањата ќе започнат во петок и сабота од 11ч. додека пак затворањето на меморијалот и свеченото доделување на наградите за најдобрите, е предвидено за сабота 04.02.2012г. во 14ч.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]