Во рамки на своите работни обврски  и надлежности, ЈУНП Маврово деновиве  ќе организира неколку акции за  чистење на остатоци од комунален отпад по течението на реката Радика. Активностите се спроведуваат од страна на дел од  вработените во НП Маврово.

Во текот на овој месец и со почетокот на пролетта, во план е покрај овие акции за чистење на локации по течението на Радика, да се спроведат акции за чистење околу Мавровско езеро како и други локации на територијата на целиот парк.

Воедно управата на ЈУНП Маврово апелира до граѓаните кои го посетуваат националниот парк или транзитираат низ него, да се погрижат отпадот да биде оставен на соодветни места и истиот да не го расфрлаат насекаде.

ЈУНП Маврово согласно новите законски овластувања во кои се предвидени и казнени мерки, во иднина ќе спроведе низа активности за спречување на несовесното однесување на некои од посетителите на паркот.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider