[:mk]

Во петок, сабота и недела (07; 08; и 09. август ) во Маврово ќе се оддржи 3-от Еко Грин Маврово Викенд (Eco Green Mavrovo Weekend). Уште една година, прекрасната природа на Маврово ќе биде биде домаќин на сите посетители кои што сакаат да кампуваат, да се забавуваат, рекреираат и целосно да се препуштат на преубавите места во и околу Маврово.

 

Сите се поканети и добредојдени во Маврово од петок наутро, совршеното време за поставување на вашиот шатор. Сите настани и активности од забавно рекреативен карактер ќе се случуваат веднаш до објектот Спорт Центар Маврово. Тука нашите гости ќе можат да кампуваат и да бидат сместени веднаш до главните случувања.

 

Првиот ден од Еко Грин Викендот во Маврово пред се’ ќе биде исполнет со музичка програма, а за забавата задолжени се План Г, Диџеј Зомакс, Лефанк, Ана Мало & Еми Ермилова и Енцефалопатикус.

 

Саботното утро е резервирано за планинарската тура Маврово -Чавкарник – Маврово. Во текот на денот ќе се дегустираат превкусните традиционални јадења од Мавровскиот регион, ќе има друштвени игри, ќе се риболови…

 

Ќе биде претставен и живописниот фолклор од ова подрачје, па на Еко Грин Викендот ќе се слушаат зурли и тапани, кавали и гајди, а ќе продефилираат и уникатни народни носии.

 

Забаватата програма е кроена за сите возрасти и вкусови. Во сабота, покрај Диџеј Баже од Антена 5 и Диџеј Боби, свој настап ќе има и српската супер ѕвезда – Жељко Самарџиќ.

 

За заокружување на неповторливиот викенд, во недела наутро ќе биде организирана тура за вљубениците на планинскиот велосипедизам, тука е патеката околу Мавровското Езеро.

 

Откако ќе завршиме со активностите, сите заедно ќе се погрижиме за прекрасната околина да остане каква што сме ја нашле – чиста, недопрена и преубава.

 

Временската прогноза вели дека пред нас е викенд створен за на планина. Дневните температури во Маврово ќе се движат меѓу идеални 22 и 24 степени, а ноќните од 10 до 13.

 

Не пропуштајте да бидете дел од Еко Грин Викенд во Маврово.

 

Се гледаме на планина!

 

 

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]