[:mk]

Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, ЈУНП Маврово и ОХФАМ – Италија извршија успешно претставување на Националниот парк Маврово во рамките на штандот на Република Македонија. Учеството на меѓународните саеми претставуваше изнвонредна можност за претставување и воспоставување на нови контакти и партнерства. Посетителите истакнаа особен интерес  и задоволство за богатството со флора и фауна , можностите за посета , капацитетите кои Националниот парк Маврово ги поседува од областа на туризмот и рекреацијата.

На посетителите им беа предочени и објаснети активностите кои Националниот парк Маврово ги спроведе во изминатиот период како што се отворање на Инфо поинт канцеларија, 400 километри туристички рекреативни и планинарски  и велосипедски патеки , уредување на природни локалитети како пештерата “Шаркова дупка„ , водопадот “Дуф„ , сафари паркот “Бунец„ и сл.

Македонските Амбасади и од Тел Авив и Анкара покажаа голем интерес и подршка за активностите кои ги спроведуваме во правец на развој и промоција на Туризмот на Република Македонија.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]