Во просториите на Општина Маврово и Ростуша и информативниот туристички центар во Маврови Анови се одржа состанок со заинтересираните кандидати за обука на интернационални водичи во планина која е во рамките на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржливи еко-туризам во НП Маврово“ , а ќе се одвива под покровителство на Нaционалниот парк Маврово, италијанската невладина организација УКОДЕП/ОКСФАМ и Македонската асоцијација за интернационални видачи во планина. На овој состанок присутните беа запознаени со условите на конкурсот и начинот и динамиката според која ќе се одвива обуката. На крајот од обуката Националниот парк ќе добие неколку лиценцирани водачи во планина што секако многу ќе придонесе за развојот на планинарскиот туризам во Националниот парк Маврово

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider