На месноста викана „Смрдливи води“  традиционално еден ден пред галичка свадба се одржа манифестацијата „Ден на одгледувачите на овци и кози“. Како и секоја година посетеноста беше голема а пред посетителите се обратија Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере како и Градоначалникот на општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди. И оваа година се одржаа натпреварите во стрижење и молзење, а беа доделени и неколку награди. За најквалитетно бело сирење жирито го избра производот на Митре Ангелоски од битолското село Витолишта, за најдобро козјо сирење беше прогласен производот на Соња Николовска., а  за најдобар кашкавал беше прогласен кашкавалот на Вардар 03 Градско.Во натпреварите за најбрзо стрижење овци најдобар беше Зулаф Ибиши, а за рачно молзење победија Зулаф Ибиши и Билјана Димовска. Специјално признание му беше доделено на Киро Докузоски зачетникот на манифестацијата

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider