[:mk]

Во хотелот Макпетрол на 04.03.2015 година во организација на Министерството за животнасредина и просторно планирање и Националниот парк Маврово се одржа Јавна расправа по Предлог-Законот за прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата национален парк.

На состанокот присуствуваа Директорот на Националниот парк Онер Јакупоски, Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, Директорот на Управата за животна средина Игор Трајовски, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од месните заедници од населените места во паркот, претставници на здруженија, претставници на хотелско-угостителските работници, претставници на државни институции и претставници на еколошките друштва.

Јавната расправа ја отвори Влатко Трпевски од МЖСПП при што ја објасни целта на состанокот повикувајчи ги присутните да дадат свои конструктивни предлози, мислења и забелешки на предлог законот со цел да се подобри текстот.

Присутните ги поздрави Директорот на Националниот парк Маврово при што се заблагодари на интересот и присуството на учесниците на расправата искажувајќи ја важноста на овој закон посакувајќи плодна работа и ги охрабри присутните за активно учество во расправата за конструктивни предлози за поквалитетен закон.

Претставникот од МЖСПП Сашко Јорданов го презентираше законот на присутните и ги истакна главните аспекти на законот, зонирањето, примената, органите казнените одредби и сл.

После презентацијата се отвори расправата при што присутните зедоа активно учество во истата искажувајќи ги своите предлози и мислења кои исто така ги доставија во писмена форма на преставниците на министерството кои изразија ветување дека сите ќе ги разгледаат укажуваќи на тоа дека ова е предлог закон кој сеуште може да има измени бидејќи е ова само прва фаза при што следува и втора фаза и парламентарна расправа каде што сите конструктивни и издржани предлози ке бидат ставени во законот.

Државниот секретар во МЖСПП се заблагодари на присуството на сите учесници каки и за изнесените предлози со што јавната расправа беше завршена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]