ИСТОРИЈАТ

 

Статус на Заштитеното подрачје: Категорија II (Национален Парк).

mavrovsko pole 1936-drnkovПрво прогласување (1949‐1952): Врз основа на чл. 73 т. 4 од Уставот на Народна Република Македонија во врска со чл. 5 и т. 7 од Законот за Президиумот на Народното Собрание на НРМ го прогласува Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален  Парк што го донесе Народното Собрание на НРМ на седницата од 18 април 1949 година, кој гласи: “Указ за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк”  Службен весник на НРМ, бр.10 од 05. 05. 1949 година).

Според овој закон, Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”. Границите на Паркот биле следните: од исток, од кота 1,310 m се качува по билото на месноста “Влаиница” преку кота 1,329 m продолжува над село Леуново и преку Сунденскиот Рид излегува на кота 1,983 m на месноста “Сандакташ”, потоа врти на југ на кота 1,955 m, продолжува до кота 1,684 m, врти на запад до кота 1,767 m, врти остро кон север до местото наречено “Крстови”, врти одново кон запад по Кичинскиот Рид до кота 1,548 m, слегува по долот на кота 1,020 m, ја преминува Мавrовска Река и се качува на кота 1,496 m, па се искачува на “Врбен” на кота 1,743 m, потоа по ридот продолжува на кота 1,794 m, врти на кота 1,740 m, слегува на друмот Гостивар‐Маврово, и продолжува по друмот кон Гостивар до кота 1,310 m. Површината на “Националниот парк Маврово” изнесува 11.750 ha. Во границите на Националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

 

Препрогласување (1952): На 3.07.1952 година, границите на Заштитеното Подрачје биле  начително проширени со донесувањето на Законoт за изменување на законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк (Службен лист на СФРЈ, бр. 23 од 23.04.1952 година). Со овие измени, површината на Националниот Парк била зголемена дури за шестпати, односно од 11,750 ha на 73,088 ha. Во овие нови граници биле вклучени 37 селски  населби од четирите локални предели: Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река.

Ставовите 2,3 и 4 на член 1 од Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското поле за Национален Парк се менуваат и гласат: Границата на националниот парк е: северната страна што води кон исток започнува од кота 2,015 m на Шерупа на југословенско‐албанската граница и оттаму низ безимен поток оди до кота 1,530 m, па по потокот Црн Камен до кота 1,732 m, откаде во права линија избива на кота 1,916 m. Од оваа оди право до кота 2,216 m и понатаму до тригонометарот 2,385 m на Расангул, од каде започнува источната страна што води кон југ. Од тригонометарот 2,385 m источната страна оди по сртот на Венец на Црн Камен, Фудан Лера, Морава, Димговска црква на кои места ги сече котите 2,088 m, 2,224 m, тригонометарот 2,197 m, па

котите 2,150 m, 2,001 m, 1,794 m, 1,710 m и понатаму проаѓа покрај милиционерската станица на Влајница на кота 1,310 m и од оваа кота во права линија оди до тригонометарот 1,320 m, од каде  води право на Шундески Рид и избива на тригонометарот 1,983 m кај Бандакташ, па продолжува на

Милишер, каде ја сече котата 1,955 m и преку сртот на Кула, Чукнитапаница (кота 1,889 m), Три гроба, кота 2,020 m, избива на тригонометарот 2,102 m на Бистра, откаде започнува јужната страна што води кон запад.

Од тригонометарот 2,102 m јужната страна оди на кота 2,024 m, па оттука преку Јаворица (кота 1,832 m) Невестинин гроб, по сртот на Јама (тригонометар 1,711 m) слегува на државниот друм Кичево‐Дебар и по овој друм оди до местото Велајца, па по Мала Река избива на Бошков мост и оттука оди до Емишица и преку котите 1,627 m и 2,255 m, стига до караулата Дели Исеиница (гранична точка 12) на Југословенско‐Албанската граница, откаде започнува западната страна што оди кон север. Целата западна граница врви по Југословенско‐Албанската граница така што од караулата Дели Исеиница ‐ преку сртот на Гол Крчин, Боливар, Иноска, Плоча, Корабска врата, Копи Бар, Кула, Зубери, Капи Џанит, избива на кота 2,015 m на Шерупа. Во границите на националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница, Врбен, Богдево, Кракорница, Бродец, Жужња, Ничпур, Нистрово, Бибај, Нивиште, Грекај, Рибница, Тануше, Врбјани, Жировница, Видуша, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуша, Аџиевци, Присојница, Скудрине, Сушица, Лазарополе, Тресонче, Росоки, Селце, Јанче, Галичник, Болетин, Сенце, Волковија и Беличица. Сегашна (постоечка) состојба (2011): Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување. Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

Географска локација и административна припадност
np mavrovo mapa1Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 20031’02’’ до 200
48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево.
Источната граница на НПМ во северните делови се протега по било од западните падини на Шар Планина а потоа продолжува по главното било на планината Бистра. Јужната граница на НПМ, во правец исток‐запад оди долж течението на Мала Река, се до нејзиниот влив во Радика а потоа, од Бошков Мост кон запад, по билото на планината Крчин се до Македонско‐Албанската граница.
Западната граница се поклопува со државната граница и се протега по билото на планините Крчин, Дешат и Кораб. Северната граница ја чинат падините на Шар Планина, кои го затвараат сливот на Радика.
Површината која ја зафаќа ова заштитено подрачје изнесува 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha, според новиот начин на пресметување.
Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m. Административно,територијата на НПМ припаѓа на 2 (две) општини и тоа општината Маврово‐Ростуше и општината Гостивар.
Сегашна (постоечка) состојба (2011): 
Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување.
Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.
Сегашни (постоечки) граници на зоните во Заштитеното Подрачје Маврово
Сегашното (постоечко) зонирање на Заштитеното Подрачје Национален Парк Маврово е изработено во рамките на Просторниот план на Националниот Парк Маврово од 1988 година. Сегашното зонирање на Националниот Парк Маврово ги вклучува следните зони:
1. Строго заштитена зона (4,417 ha):
• Зона Луково Поле ‐ Аџина Река (Јужна Шара); површина од 300 ha; значајни хидрографски, геоморфолошки и изразити флористички вредности (тресетишта, македонска острика, шарпланински косколом).
• Зона Кораб; површина од 1,953 ha; подрачје на изворишниот дел на Рибничка Река, со Махиамада (над Тануше) ‐ молика и муника, предпланинска бука, бедреница, флористички богати ливади над шумата; клисурата над Жужње во варовнички камењари со разновидна и богата арктоалпска вегетација, бројни фитоценози а меѓу нив и ендемични; пределите меѓу Голема и Мала Корабска Врата ‐ комплекс од геолошки, рељефни, хидрографски флористиочки и пејзажни вредности, изворишните делови на Штировица, Длабока Река и Рибничка Река.
• Зона Стрезимир; површина од 183 ha; клисура на Горна Радика со вертикални отсеци, назабени гребени и шилести врвови; појава на црн бор и кентрантус.
• Зона Богдевска Река; површина 28 ha; ретка појава на горчлив тролист со шашеви.
• Зона Сенечка планина и клисура Барич; површина од 1,953 ha; геоморфолошка реткост на клисурата Барич и Сенечките карпи; флористички разновиден (питома фоја, мечкина леска, орев, шашика, голубови очи, црн бор; пределот Острово ‐ биолошки резерват).
2. Мелиоративна зона:
• Поделена на шест просторни единици во кои се опфатени шумите и пасиштата. Во оваа зона се издвоени научно ‐ истражувачки оддели (11) за научно истражувачки работи од областа на шумарството и други области.
3. Туристичко  рекреативни зони:
3.1. Туристичко рекреативна зона Мавровско Езеро
• Подрачје Маврови Анови, Бунец, Маврово со скијашките терени, Леуново, Никифорово со скијашките терени под Сандакташ и Кичиница.
3.2. Туристичко рекреативна зона Радика
• Подрачје на Горна Радика со локалитетите Реч и Аџина Река.
• Подрачје на Долна Радика и Мавровска Река со локалитетите Трница, манастирот Св. Јован Бигорски, Јанче и Галичник.
• Подрачје на Јужна Шара со локалитети Црн камен и Богдево.
• Подрачје на Кораб со локалитетите Тануше, Рибница, Жужње и скијашки терени под Голем Кораб и Шиловерт до Луково Поле.
• Подрачје на Дешат со локалитетите Жировница и Битуше.
3.3. Туристичко рекреативна зона Бистра
• Подрачје Лазарополе.
• Подрачје Селце, Росоки, Тресонче.
3.4. Туристички пунктови и предели за пократки туристички посети и излети
• Мала и Голема Корабска Врата.
• Кабаш со Роси Римниц.
• Кањонот Гури Вран на Длабока Река.
• Кањонската клисура Барич.
• Клисурата на Средна и Долна Радика.
• Сенечки карпи.
• Штировичка планина.
• Клисурата на Горна Радика.
Патна инфраструктура
Регионалната мрежа на општината ја сочинуваат магистралниот пат М4 (Скопје‐Охрид) и регионалните патишта Р409 (Маврово‐Дебар), Р413 (пат кој го обиколува Мавровското езеро), Р414 (Маврово‐Галичник) и Р415 (од Бошков мост до раскрсницата кај што се врти за Лазарополе). Вкупната должина на локалните патишта е 185,6 km и е со различен квалитет. Сите населени места во Паркот се поврзани со локални патишта, со исклучок на селото Жужње.
Електрична енергија
Сите населени места од општината Маврово и Ростуше имаат електрична енергија. Единствен исклучок е селото Нивиште, кое не е покриено со електрична енергија. Иако не постои проблем со покриеноста, сепак најголем дел од месните заедници (61%) го истакнуваат проблемот со квалитетот на снабдување со електрична енергија.
Водоснабдување
Согласно последниот попис од 2002 година, во населените места кои беа дел од општината Маврови Анови, 67% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување, додека во населените места кои беа дел од општина Ростуше, 95.3% од домаќинствата се поврзани со јавните системи за водоснабдување. Со повеќето од системите управува Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Маврово, додека со некои месните заедници.
Цврст отпад
Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП) Маврово е задолжено за собирање и отстранување на комуналниот отпад во населените места околу Мавровското Езеро (поранешна општина Маврови Анови) а од месец декември 2008 година и за селото Жировница. Како активност која во значителна мера ја унапреди оваа состојба е тоа што во рамките на проектот Заштита на животната средина, економски развој и промоција на еко‐туризам во НП Маврово, кој е во фаза на реализација од страна на Oxfam‐Italia, во текот на месец септември 2009, на ЈКП Маврово, му беа
донирани 61 контејнер и 2 трактори со кипер приколки.
Социјална инфраструктура
Основното образование се одвива во четири основни и единаесет подрачни училишта во 15 населени места и едно училиште за средно образование. Амбуланти има во селата: Присојница, Скудриње, Требиштe, Жировница и Маврово, додека во селото Ростуше Јавна Здравствена Установа. Културни домови има во селата Битуше и Ростуше. Општината располага со вкупно 17 спортски објекти. Објекти на месни заедници има во селата: Требиште, Скудриње, Жировница и Маврови Анови; полициски станици во село Маврово и во село Ростуше и три пошти, со вкупно 5,469 претплатници на телефон.
Индустрискиот и рударскиот сектор не се развиени, од причини што најголемиот дел од општината е во рамките на Националниот Парк Маврово. Во рамките на општината постои еден од најсложените хидроенергетски системи (ХЕЦ Маврово), кој со акумулација од 277 милиони m3 вода и три хидроелектрани: Вруток, Равен и Врбен, учествува со 42% во вкупната инсталираност на хидро‐електро капацитети во земјата.

Logos Slider