Деновиве во просториите на ИТЦ, беше отворен продажен салон во кој домашните и странските посетители ќе имаат можност да погледнат и купат повеќе видови на локални продукти, сувенири, рекламен материјал, капи, маички, разгледници и др.

Како што претходно најавивме, ова е плод на веќе воспоставеното јавно- приватно партнерство помеѓу ЈУНП Маврово и фирмата Контролекс од Скопје. Во моментов се поставени две полици а за краток период ќе бидат поставени уште три со што продажниот салон целосно ќе се оформи.

Продажниот салон првично располага со неколку видови на сувенири од кои сите се од рачна изработка со уникатен изглед и голем квалитет. Тука се и глинените ќупчиња полни со најквалитетен мед, подготвен во овие краишта. Покрај тоа може да се најдат и украсни порцелански вази кои се изработени од квалитетен порцелан а потоа се рачно исцртани со традиционални македонски шари.

Во текот на следната недела, кога ќе бидат поставени и останатите полици, а посетителите ќе можат да си купат и други производи од кои најголем дел ќе бидат изработени од локалното население.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider