[:mk]

Почитувани, со огромно задоволство ве известуваме дека ЈУНП Маврово, стана дел од EUROPARK Федерацијата. Оваа организација во моментов ја сочинуваат повеќе од 500  членови, претставници на заштитени подрачја, невладини организации, и други институции.

Оваа Федерација е позната како Федерација на европски паркови на природа и национални паркови, а формирана е 1973 година со седиште во Графенау, Германија. Основната цел на оваа Федерација е подобро управување со националните паркови, подобра заштита на природните богатства и поттикнување на меѓусебна соработка помеѓу парковите.

Мора да се нагласи дека низ процесот за добивање на сертификатот за членство во EUROPARK федерацијата, проектот динариди имаше огромна улога давајќи значајна помош и подршка на Националниот парк Маврово при што ја користиме оваа прилика да ја изразиме нашата огромна благодарност.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]