Во рамките на студиското патување низ парковите од Динарскиот лак во кој се вклучени паркови од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Словенија и Србија кој е реализиран од WWF медитеранската програма со финансиска подршка од Норвешкото Министерсво за надворешни работии Мава Фондацијата, како втора дестинација делегацијата го посети Националниот пак „Маврово“.

По презентацијата на Националниот парк „Маврово“ во хотелот Бистра следна дестинација беше Пештерата Шаркова дупка каде што гостите се запознаа со убавините, карактеристиките и  потенцијалот на истата како уреден туристички локалитет за привлекување на туристи во паркот. На патот за село Галичник го посетивме коњичкиот клуб Галичник кој нуди услуги за туристи за јавање на коњи каде што сопственикот на клубот ги запозна гостите како тие функционираат, за понудата, за цената, за тоа што може да се види во рамките на турата и како да се доживее НП Маврово на поинаков начин.

Во селото Галичник гостите се запознаа со карактеристичната архитектура, традициите, познатата Галичка свадба, поставката во музејот, а се заврши со дегустација на познатото галичко сирење.

Инфо Центарот на Националниот парк беше следна дестинација каде што им беше објаснето како функционира истиот, неговите надлежности, работното време и бројот на туристите кои го посетуваат.

Со посетата на прекрасниот манастир Св. Јован Бигорски и селото Јанче каде што беше и ручекот заврши посетата на Националниот парк Маврово и се продолжи кон Галичица и Пелистер.

За жал поради временската состојба дел од активностите мораше да се откажат но таа не влијаеше врз расположението на гостите и продолжија ја југот од Македонија со одлични впечатоци

This slideshow requires JavaScript.

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider