Програмата за закрепнување на балканскиот рис (БЛРП) се наоѓа во реализирање на третата фаза. Националниот парк Маврово е едно од најважните заштитени подрачја за опстанокот на популацијата на балканскиот рис.

Во интерес на администрацијата на паркот е да се вклучи во спроведување на активностите кои ќе се реализираат на територијата на паркот. На барање на администрацијата на НП Маврово и тимот од БЛРП, а поддржано од фондацијата МАВА (финансиер на БЛРП) одлучено е да се реализираат серија на состаноци (работилници) за подготвување на заеднички акционен план со кој ќе се поттикне и зајакне соработката помеѓу паркот и проектот БЛРП.

Првиот состанок се одржа на 16ти и 17ти септември 2013 година во НП Маврово. Целта на првиот состанок беше 1) Взаемно информирање за структурата на организациите и тековните проекти; 2) Подготвување на нацрт план (логичка рамка) за развивање на заеднички акционен план како основа за понатамошна соработка помеѓу НП Маврово и Програмата за закрепнување на балканскиот рис.

Договорено е следните два состаноци на кои ќе се развива акциониот план да бидат во посредство на фацилитатори од Македонија и Словенија и да се одржат во ноември и декември 2013 година. Акциониот план ќе биде посветен на заштита на балканскиот рис во Националниот парк Маврово и неговата блиска околина.

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider