Со цел подобро запознавање со активностите на Националниот парк Маврово, a воедно и овозможување поголема вклученост на сите засегнати страни, на 21.12.2011 во хотел „Срна“ во Маврово се одржа уште една работилницата за активностите предвидени со Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово во рамките на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Национален парк Маврово.“

На овој состанок присуствуваа директорот на Националниот парк Маврово, г-дин Онер Јакупоски, градоначалникот на општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди, претставник од ОКСФАМ Италија, претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници на хотелско-угостителските претпријатија кои функционираат на територијата на НП Маврово, претставници на месните заедници како и гости од Националниот парк Пелистер.

По регистрирањето на присутните им се обрати професорот Светозар Петковски кој е изработувач на Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово. Тој одржа презентација на активностите предвидени со овој предлог-план. По неговото излагање се отвори дискусија околу тие активности и се премина кон разгледување на програмите и подпрограмите предвидени со планот. Координаторите на програмите ги презентираа новите програми кои беа прифатени на претходниот состанок и беа предложени уште неколку програми, од кои дел беа прифатени, а за дел ќе следат дополнителни консултации.

На крајот, директорот на НП Маврово изрази задоволство од досегашната работа и им се заблагодари на сите учесници притоа нагласувајќи дека допрва претстои макотрпна работа со цел овие програми да се реализираат во целост. Благодарност и задоволство искажаа сите присутни и констатираа дека овој план во голема мера ќе придонесе за зголемување на квалитет на живеење на територијата на НП Маврово.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider