Манифестацијата искачување на врвот Голем Кораб од година во година добива се поголем број на учесници. Доказ за тоа е дека на 09.09.2012 година во подножјето на Кораб вриеше од луѓе, домашни гости, странци, професионални планинари, аматери, од најразлични возрасти, сите сакаа да бидат дел од оваа манифестација и да го доживеат најубавиот дел од Македонија. Оваа година според проценката на организаторите на Кораб имаше околу 3000 лица а врвот го искачиле преку 2000 луѓе што претставува своевиден рекорд од светски рамки.

На 21-вата манифестација искачување на Голем Кораб активно учество зедоа и волонтерите од Националниот парк Маврово кои беа застпени низ целата патека кон врвот со што дадоа голем придонес оваа манифестација да помине во најдобар ред.

Националниот парк Маврово им честита на сите учесници што го освоија врвот и се гледаме следната година се надеваме во уште поголем број

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider