Продолжуваат состаноците во рамките на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Националниот парк Маврово. На 17.06.2010 г. во просториите на Туристичкиот инфо центар се одржа средба помеѓу производителите на мед од Националниот парк Маврово и претставниците од УКОДЕП. На оваа средба од страна на УКОДЕП беше претставен план за идно вмрежување на сите производители на мед за заеднички настап кој би се одвивал на доброволна основа, планот за брендирање на медот од НП Маврово како и заедничкиот проект со Албанија таканарчен „Патека на вкусот“ каде ќе бидат обележани во патека  сите производители на мед од НП Маврово и сите производители на сирење од Албанија. Присутните ја поздравија оваа средба и сите прифатија да учествуваат во проектот. Покрај другото тие ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат како и идеи како да се надминат. На крајот се заклучи дека треба да се направат уште неколку состаноци во наредниот период а од УКОДЕП се заложија дека ќе помогнат во добивање на материјали потребни за производителите.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider