12493815_893546764097589_3366729687362560398_oЗаради специфичните физичко‐географски и орографски услови, според промената на климато‐
лошките елементи во зависноста од надморската височина, на територијата на Паркот се присутни следните видови на клима:
• 600‐900 m: Подрачје со топла континентална клима, со средна годишна температура од 80C до 100C и просечна годишна сума на врнежи од 600‐800 mm.
• 900‐1,100 m: Подрачје со студена континентална клима, со средна годишна температура од 70C до 80C и просечна годишна сума на врнежи од 800‐900 mm.
• 1,100‐1,300m: Подрачје со подгорска континентална планинска клима, со средна годишна
температура од 5.50C до 70C и просечна годишна сума на врнежи од 900‐1,250 mm.
• 1,300‐1,650m: Подрачје со горска континентално ‐ планинска клима, со средна годишна температура од 30C до 5.50C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 1,650‐2,250m: Подрачје со субалпска клима, со средна годишна температура од ‐10C до 30C и
просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.
• 2,250‐2,764m: Подрачје со алпска клима, со средна годишна температура од ‐50C до ‐10C и просечна годишна сума на врнежи од 1,250 mm.

Според резултатите од климатските сценарија, просечниот пораст на температурата на територијата на Република Македонија ќе се движи во опсегот меѓу 1.2 °C до 2025 година, 2.3 °C до 2050 година, 3.5 °C до 2075 година и 5.1 °C до 2100 година. Според определени емисиони сценарија за климатските промени на територијата на Заштитеното Подрачје Маврово, се очекува пораст на врнежите во зимскиот период до крајот на 21 век кој би можел да достигне до 6%, а во сите други сезони е проектирано опаѓање на врнежите. Најинтензивно намалување на врнежите од ‐16% се очекува во летниот период.

Logos Slider