На 5-ти декември 2011 година, во хотел Бистра (Маврово), во рамките на Проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во НП Маврово” имплементиран од страна на италијанските невладини организации Оксфам Италија и ГВЦ, се одржа јавна расправа за „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“. На овој состанок беа поканети претставници од месните заедници кои се во рамки на територијата на паркот, хотелиерите, невладините организации како и претставници на сите институции кои гравитираат на територијата на паркот.

Во текот на трите години од активностите на проектот, повеќе од 30 домашни и меѓународни експерти изработија поединечни студии од различни тематски области, врз основа на теренски анализи направени за утврдување на вредностите на биолошката разновидност и социо-економската компонента.

Во согласност со Законот за заштита на природата, овие истражувања беа синтетизирани во интегрална „Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово“. Оваа студија беше основа за подготовка на „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“, кој ќе има важност 10 години (од 2012 до 2021) и ќе претставува основа за следните активности што ќе бидат преземени по однос на заштитата и управувањето со Паркот.

Во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Општината Маврово Ростуше, Јавната установа – Национален Парк Маврово, како и останатите засегнати страни, беше подготвен „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“ и тоа според најсовремените меѓународни критериуми во кои се вклучени трите основни компоненти за управување со едно заштитено подрачје и тоа:

1. Заштита на природното наследство;

2. Заштита на културното наследство;

3. Социо-економски развој на подрачјето.

Содржината на „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“ може да се резимира во следниве компоненти:

a. Идентификација и валоризација на значајните компоненти на биолошката, геолошката и пределската разновидност на подрачјето;

b. Идентификација и валоризација на значајните компоненти на културното наследство;

c. Идентификација на заканите врз вредностите на Паркот;

d. Идентификација на oсновните и посебните цели на заштита и управување;

e. Утврдување на програми и под-програми за реализација на основните и посебните цели на заштита и управување;

f. Утврдување на активности за исполнување на oсновните и pосебните цели на заштита;

g. Динамика на реализација на предвидените активности;

h. Финансиска рамка за имплементација на „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“;

i. Индикатори за ефективноста на управувањето со подрачјето.

На јавната расправа беа разгледани и дискутирани предлозите, сугестиите и забелешките на сите заинтересирани страни што се вклучени во овој процес, со цел да можат да дадат поголем придонес во дефинирањеto на финалната верзија на „Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово“.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider