[:mk]

Нејзината екселенција амбасадорката на Австралија г-ѓа Џулија Фини беше во официјална посета на НП Маврово и општината Маврово и Ростуше. Амбасадата на Австралија има седиште во Белград но истата е акредитирана и за Р.Македонија и Р.Црна Гора.

Амбасадорката беше примена од страна на директорот на ЈУНП Маврово г.дин Онер Јакупоски и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г.дин Мукрем Мехмеди.

Од страна на гостите беа преставени главните програми на кои во моментов работи амбасадата, како и можностите за аплицирање на грантови кои се од интерес за локалното население и регионот,  а се презентирани можностите за поврзување и соработка на Австралиските национални паркови со Националниот Парк Маврово, размена на искуства, создавање на туристички понуди и пакети за австралиските туристи  а пред се за македонците кои се преселени и живеат во Австралија.

Во тој контекст имаше и кратка презентација на досегашните и актуелните активностите на НП Маврово и општината, при што беа спомнати повеќе проекти чија што реализација е приоритетна а за кои се неопходни финансии.

Амбасадорката ќе ја отвори изложбата на Австралиски – Абориџински уметници со наслов  “Богатството на духот” . Изложбата ќе биде поставена во хотелот Бистра – Маврово, утре 31.01.2014 (сабота) со почеток од 19ч.

DSC00530

DSC00531

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]