[:mk]

Во Националниот парк Маврово, во организација на Здружението „Еко Маврово“, а под покровителство на Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуша на локацијата игралиште Маврово од 16 до 18 август се одржа првиот повеќедневен Еколошки Едукативен и Забавен Фестивал Еко Зелен Фестивал Маврово (Eco Green Festival Mavrovo). Посетителите уживаа во разновидната програма која беше понудена во рамките на овој фестивал како: егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови, “mountain bike” слалом возење, планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.

Фестивалот понуди презентација на традиционално приготвенити мавровски производи, штандови за оригинални локални ракотворби, сувенири и домашни производи, изложби на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион, а за најмалите беа понудени најмладите диџеи во Македонија со настапи на детска музика, како и натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед.

Организаторот се погрижи за богата музичка програма а настапиаја: DJ Valentino Kanzyani, DJ Sabb, Леб и сол, Летечки пекинезери, Гоце Саф и ЛД Пистолеро, Conquering Lion, Shine, DJ Flooder, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Мачки, Aliber, Дани Димитровска, План Г, Five fingers band, Чалгија саунд систем, Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane, DJ Johan и DJ Koks

Последниот ден од фестивалот беше предвиден за еколошка акција која беше во рамките на кампањата „Македонија без отпад“ , а учествуваа Националниот парк Маврово, Општината Маврово и Ростуша, ЈКП Маврово, Здружението „Еко Маврово“ Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Националниот парк Маврово како еден од главните покровители на фестивалот изразува благодарност на сите што го посетија паркот за време на фестивалот и на сите што што зедоа учество во еколошката акција и најавува дека и во иднина ќе продолжи да подржува вакви активности со цел зголемување на свеста за подигнување на нивото на заштита на животната средина и развој и унапредување на туризмот.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]