[:mk]

На 03.11.2011 година, во просториите на Информативниот туристички центар се одржа работен состанок на кој присуствуваа директорот на ЈУНП Маврово, г-дин Онер Јакупоски, новата амбасадорка на кралството Холандија во Р.Македонија ,г-ѓа Мариет Шурман, градоначалникот на општина Маврово и Ростуша, претставници на хотелите и претставници на велосипедскиот клуб „Енерџи“.

На почетокот на состанокот учесниците од македонска страна искажаа благодарност до холандската амбасада за досегашната соработка, со надеж дека истата ќе продолжи и ќе се прошири на повеќе полиња. Главна тема на состанокот беше организацијата на манифестацијата „Mavrovo Tour“, разгледување на овогодинешните резултати од организацијата, утврдување на наредните чекори за организација на „Mavrovo Tour 2012“  како и надминување на пропустите од минатите години.  Сите учесници искажаа подготвеност да учествуваат во оваа манифестација и во иднина, а беа посочени и нови идеи со кои во иднина „Mavrovo Tour“  би прераснала во манифестација од светски ранг привлекувајќи голем број велосипедисти од земјава и странство и би траела преку цел викенд, при што покрај спортската би имало и збогатена културно-забавна програма.

Од страна на директорот на паркот, новата амбасадорка  беше запознаена со неколку значајни активности кои ЈУНП Маврово ги спроведува последните неколку години со цел развој на туризмот, а со самото тоа и развој на велосипедизмот и планинарењето. Помеѓу другото, амбасадорката беше информирана дека наскоро е предвидено да се изврши промоција на сите планинарски патеки и беше посочено дека таа ќе биде драг гостин на Националниот парк по овој повод.

Поголем дел од учесниците го искористија состанокот, од новата амбасадорка да побараат да лобира кај холандските тур оператори, со цел оваа зимска сезона како и наредните туристички сезони, поголем број од холандските туристи да бидат донесени и на територијата на паркот. Во овој контекст на амбасадорката во кратки црти и беа презентирани природните и културните содржини кои паркот би можел да им ги понуди за туристите.

Предвидено е наредниот состанок да се одржи кон крајот на месец ноември.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]