[:mk]

Динарскиот лак  е еден регион на Југоисточна Европа, која опфаќа околу 100. 000 км2, а повеќе од 6.000 км од крајбрежјето, се протега во текот на целата област ориентирана кон Јадранското Море од Трст (Италија) до Тирана (Албанија).
WWF започна со проектот Динарскиот лак на  паркови во почетокот на 2012 година, со цел да се создаде здружение на природни паркови на територијата на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово , Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.
Овој тригодишен проект е финансиран од норвешкото Министерство за надворешни работи и Фондацијата MAVA.
Првата и основна цел на овој проект е да се создаде мрежа на заштитени подрачја од поврзување на сите природни паркови во регионот на Динарскиот лак .
Бања Лука  19 – 23 Ноември 2012 – Убавината на заштитените подрачја и паркови  ќе го  поврзи  регионот под брендот Динариди , бидејќи природата не познава граници, беше заклучокот од првата пет-дневна меѓународна конференција на парковите на Динарскиот Лак, која се одржа минатата недела во Бања Лука.
Двесте учесниците на конференцијата, вработените на националните паркови и парковите на природа од осум земји, се запознаа со методите на  проценка на користа  на заштитените подрачја, слушаа предавања на тема опасноста  на климатските промени, одржлив туризам, заштитени подрачја во контекст на ЕУ.
Меѓународната конференција претставува една од активностите на “Паркови на Динарскиот Лак ” кој Светската невладина организација за заштита на природата WWF  ги спроведува во : Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово , Македонија, Словенија и Србија.
Брендот  паркови Динариди , чиј слоган е “неоткриениот  свет” , Заштитниците на природата сакаат да го промовираат како регион со  големи пејсажни разлики но сепак со единствена култура.
Проектот е  финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и MAVA Фондацијата, додека  Норвешкиот амбасадор во БиХ, ја затвори  конференција.
“Целта на овој проект е да се зајакне дијалогот и соработката во регионот преку развој на регионални чувство на припадност врз основа на заедничко природното наследство и обнова на позитивен внатрешните и надворешните имиџ на регионот.
Проектот “Паркови на Динарскиот лак ” започна во јануари 2012 година. Со главната цел на создавање на мрежа од 75 паркови во регионот.
Важна цел претставува  и обука на  вработените подобро да управуваат со паркови и одржлив туризам.
Друга цел на проектот е да се работи на признавањето на Динарскииот лак , кој во светот треба да биде исто толку важен како Алпите или Карпатите. Динарскиот лак би можел да стане синоним за одржлив развој.
Меѓу говорници на конференцијата беа Lučka Kajfež Bogataj , добитник на Нобеловата награда за мир за 2007. година, која одржа презентација за климатските промени и влијанието што тие го имаат на заштитените подрачја, природата и животната средина.
Nigel Dudley ги претстави придобивките и вредностите на заштитените подрачја во регионот, додека Erica Stanciu  сподели со учесниците своето знаење на заштитените подрачја во контекст на ЕУ. Wilf Fenten од Europarc Консалтинг одржа предавање и обука за одржлив туризам. Учесниците на конференцијата го посетија Националниот парк Козара.
Во официјалниот  дел на конференцијата учество зедоа и јавно се претставија Националниот парк Маврово , Националниот парк Галичица и Националниот парк Пелистер, кои се и членови на Динарскиот лак како и претставници на невладиниот сектор.
Во работниот дел претставниците на Националниот парк Маврово ги посетија обуките за  методите на  проценка на користа  на заштитените подрачја, и одржлив туризам.
Во работниот дел за развојни проекти, Националниот парк Маврово зеде активно учество и  предложени четири проектни  идеи, кои јавно се разгледаа и се отценија како одличен почеток во правец на заштита на природата и соработката со парковите на Динарскиот лак.
macedonian-1354445780

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]