[:mk]

Националниот парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, а согласно годишната програма за работа на ден 28.11.2016 година изврши порибување на водите на територијата на паркот.
Денес во водите на Мавровкото езеро и река Радика беа пуштени 20 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) со тежина приближно 5 грама која е набавена од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
Денес се порибуваше со 15 000 парчиња на неколку локации на река Радика и тоа: кај местото Сенечки ливади, кај местото „Состав река“  и на Мавровското езеро со 5 000 парчиња на локацијата Камп и во близина на с. Никифорово, Маврово и кај браната во с. Леуново.
Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290 000 парчиња поточна пастмка (salmo faroides) што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот.
Според програмата на паркот ваквите активности ќе продолжат и наредните години со што сигурно ќе се оствари целта за зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.

dsc_0159 dsc_0160 dsc_0161 dsc_0071 dsc_0078 dsc_0082 dsc_0086 dsc_0089 dsc_0106 dsc_0109 dsc_0125 dsc_0128 dsc_0135 dsc_0137 dsc_0145 dsc_0147 dsc_0148 dsc_0151

dsc_0007[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]