[:mk]

ЈУНП “Маврово” согласно своите надлежности и планови за заштита, веќе седма година по ред превзема активности за порибување на водите кои се на територијата на самиот парк.

Целта на оваа  активност е збогатување на рибниот фонд на Мавровското езеро и реката Радика исклучиво со автохтона поточна Пастрмка.

Според динамиката и предвидените активности на националниот парк, порибувањето  се врши два пати годишно, во период околу месец Март како и есенскиот период од годината.

Денес, 03.03.2015г.(вторник) во водотеците на Националниот Парк Маврово беа пуштени повеќе од 20.000, 7- 8 месечни парчиња поточна пастрмка (salmo faroides), која е набавена од репро центарот “Шум“ од Струга. Своевидна потврда за  континуираната грижа и заштита на водите со кои НП Маврово стопанисува е податокот дека бројката на пуштени парчиња во Радика и Мавровско езеро, за последните 7 години изнесува околу 250.000 парчиња..

На оваа активност, како и секоја година и претходеше официјална изјава за медиумите во која директорот на паркот г-дин Онер Јакупоски даде детални информации поврзани со порибувањето, плановите за заштита и развој на паркот.

Како потврда на активната работа на службите за заштита, служи и податокот дека во текот на минатата риболовна сезона се запленети повеќе предмети и тоа: 3 мрежи со вкупна должина од 40 метри, 3 мали мрежички,вештачки мамци- мушички и блинкери- 10 сета, 8 кг. риба, 6 риболовни трски, 2 риболовни машинки,  а поднесени се и 6 прекршочни пријави.

Паралелно со оваа активност, симболично отпочнува новата риболовна  сезона во водите на  Мавровското езеро и Радика.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]