[:mk]

Почитувани,
Ве известуваме дека од 19 до 21 февруари, ќе се оддржи традиционалниот Четиринаесетти аматерски хуманитарен велеслалом – Маврово 2016.

Средствата собрани преку оваа хуманитарна активност ќе бидат наменети за поддршка на децата без родители и родителска грижа од „СОС Детско село Македонија“, кое е член на големото семејство од 134 вакви  “Детски села” низ целиот свет, а чија основна цел е да им овозможи топол дом, семејство и подобра иднина на овие деца .
СОС Детско село Македонија во овој момент згрижува и поддржува околу 300 деца и млади без родители и родителска грижа и деца и млади во социјален ризик.

Собраните средства од донацијата на Четиринаесеттиот аматерски хуманитарен велеслалом – Маврово 2016, „СОС Детско село Македонија“ ќе ги искористи за унапредување на квалитетот на згрижувањето и секојдневните активности и живеење на децата, како и за обезбедување на неопходни апарати за домаќинство и други средства, неопходни за непречено функционирање на згрижувачките семејства во СОС Детско село Скопје. Исто така, овие средства ќе бидат од огромна помош за унапредувањето на едукативната и образовната поддршка на вонучилишните и спортските активности на овие деца, како и во задоволувањето на редовните медицински и здравствени потреби, обезбедување на потребните терапии и медицински помагала.

„СОС Детско село Македонија” од името на сите згрижени деца и млади, им се заблагодарува за поддршката на сите пријавени учесници и донатори на Четиринаесеттиот аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2016.

Секоја екипа, учесник на Четиринаесетти аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2016, ќе има можност да постави свој банер на целната рамнина на која ке се одвива Хуманитарниот велеслалом. Екипите е потребно да пријавуват по три аматери скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории. Право на учество имаат и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2006/2007 година.

Повеќе информации и официјалната програма на настанот ќе биде поставена наскоро.

Помогни и ти! Заврти на бројот 070 143 456 и донирај 100 денари за децата без родители и родителска грижа од СОС ДЕТСКО СЕЛО.

veleslalom 2016 2

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]