Управата на Јавна Установа Национален Парк Маврово ги повикува сите заинтересирани правни лица да учествуваат по објавениот ЈАВЕН ПОВИК за огревно дрво и техничка маса. Јавниот повик, барањето за огревно дрво за правни лица и барањето за техничка маса од Бука и Ела може да го погледнете и превземете тука:

Повеќе →

По повод одбележувањето на 22 Април – Денот на планетата земја, ЈУНП Маврово спроведе акција за чистење на отпадоци на неколку локации. Преку оваа акција ЈУНП Маврово се приклучува кон активностите кои во однос на решавањето на проблемот со отпадот ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М.  

Повеќе →

Петтата интензивна сесија со фото замки во Националниот парк Маврово започна на 15 февруари оваа година. Ренџерите во паркот заедно со членовите на Македонското еколошко друштво за 4 дена успешно поставија 60 фото замки на 30 различни локации во паркот. “Замките„ ќе бидат активни 2 месеци, а контрола на истите ќе биде вршена според претходно […]

Повеќе →

Во просториите на туристичкиот информативен центар се одржа работна средба на која присуствуваа директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше г.дин Медат Куртоски, претставници на одделението за урбанизам и претставници на бизнис групација од Белгија и Холандија. На состанокот беа разгледани идеите и барањата на бизнис групацијата која е […]

Повеќе →

ЈУ Национален парк Маврово и Македонското еколошко друштво потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот претставува документ кој им овозможува на двете страни подобра и плодна соработка во рамките на програмата за заштита на балканскиот рис. Двете страни се заложија за повторно отпочнување на активностите поврзани со мониторинг и заштита на рисот кои беа вклучени во акциониот […]

Повеќе →

Logos Slider