[:mk]

Националниот парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, а согласно годишната програма за работа на ден 16.12.2015 година изврши порибување на водите на територијата на паркот.
Оваа активност се одвиваше по втор пат оваа година според програмата за есенско порибување додека првото порибување за 2015 година се изврши во март при што беа порибени 20 000 парчиња автохтона поточна пастрмка, а се со цел збогатување на рибниот фонд на Мавровското Езеро и реката Радика.
Денес во водите на Мавровкото езеро и река Радика беа пуштени 20 000 7-8 месечни парчиња автохтона поточна пастмка (salmo faroides) со тежина приближно 5 грама која е набавена од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
Денес се порибуваше на неколку локации на река Радика и тоа: во близина на село Ростуше кај новата спортска сала, кај местото Бигорски ливади, кај местото Сенечки ливади и на Мавровското езеро на локацијата Камп.
Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе седум години се пуштени 270 000 парчиња автохтона поточна пастмка (salmo faroides) што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување.
Според програмата на пракот ваквите активности ќе продолжат и наредните години со што сигурно ќе се оствари целта за зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]