[:mk]

Во просториите на Информативниот туристички центар се одржа интерактивен состанок на групата за Дестинациски менаџмент Маврово на кој присуствуваа претставници од ИМЕ програмата која се реализира од SWISSCONTACT како и претставници на Националниот парк, претставници од хотелиерите и други туристички работници кои гравититраат на територијата на Националниот парк Маврово.

На почетокот се одржа кратка обука за вработените во Инфо Центарот за дигитализирање на интерактивните мапи, а податоците кои се внесуваат понатаму ќе може да се користат за анлизирање на напредокот на туристичката дестинација, најпосетувани места, најкористени туристички капацитети, локалитети и рути со што ќе се добијат соодветни информации за понатамошно краткорочни и долгорочно планирање за развој на туристичката дестинација.
На интерактивниот состанок на групата за Дестинациски менаџмент Маврово се разговараше за летната понуда на хотелите и агенциите во Маврово, детската патека и понуди на Upland Adventure, понуди за Adventure Next Balkans (Печатени материјали за промоција) и Фам тура на македонските инкаминг агенции 22-23 Април.

Се отвори дискусија за понудата во летниот период во НП Маврово при што сите се согласија дека НП Маврово има огромен потенцијал за туризам во текот на целата година. Учесниците се согласија дека интензивно ќе споделуваат информации за активностите што ги организираат индивидуално со цел работната група да се вклучи и да се интегрираат неколку активности што би ги задржало туристите повеќе од неколку дена на територијата на НП Маврово.
Се направи календар на настани кој во текот на наредниот период ќе се дополнува кога дефинитивно ќе се одредат датумите на настаните кои се планираат. Претседателот на здружението UPLAND информираше дека подготвуваат понуда за детската патека при што ќе се комбинираат уште неколку активности со цел екскурзијата да биде целодневна а тука би била вклучена и пештерата Шаркова Дупка и еден оброк за децата. Исто така Фејсел информираше дека се спрема брошура на која ќе бидат наведени сите услуги кои ги нуди здружението на водачи и истите ќе се дистибуираат до сите хотели и агенции. Од SWISSCONTACT информираа дека се посетени 30 училишта на кои е промовирана детската патека и договорена е екскурзија за одговорните од училиштата.
Претставникот на БАЈКСТОП информираше дека се во завршна фаза подготовките за Маврово Маратон кој ќе се организира на 12.06.2016 а присутните заклучија дека треба да се направи напор да се помогне во организацијата на рекреативниот дел на Маврово турата за што ќе се одржи дополнителен состанок.
Состанокот заврши со заложба од сите присутни за почести средби и подобра комуникација со цел развој и унапредување на туризмот во дестинацијата Маврово.

 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]