[:mk]

Како продолжение на меѓународните натпревари во параглајдерство “Gostivar Paragliding Cup 2012, 2013 и 2014“, како и “Gostivar Open 2015“, на 23 и 24.07.2016, Националниот парк Маврово беше домаќин на Меѓународниот натпревар на прецизно слетување со параглајдер „Mavrovo Open 2016“. Натпреварот се одржуваше по строги правила на FAI (Fédération Aéronautique Internationale) Светската федерација на Аеро Спортови.

Настанот беше во организација на летечкиот клуб „Кондор“ од Гостивар, а беше подржан од Националниот парк Маврово, Општината Маврово и Ростуше и неколку приватно организации со што се придонесе овој настан да заврши успешно.

Настанот го отворија Директорот на Националниот парк Маврово Онер Јакупоски, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди, Претседателот на Летечкиот клуб „Кондор“ Ментор Саити и претставникот нa LEORON.

Сите ја истакнаа важноста на одржување на вакви настани при што се придонесува за развивање и унапредување на туризмот, а Директорот на НП Маврово Онер Јакупоски потенцираше дека ваквите настани придонесуваат за збогатување на туристичката понуда на Националниот парк Маврово за што истакна подготвеност за подршка и наредната година и го охрабри Клубот Кондор да оствари соработка со Информативниот туристички центар при НП Маврово и ваквата активност, летање со параглајдер да влезе во редовната туристичка понуда на Националниот парк Маврово

Во двата дена летачите се натпреваруваа во неколку рунди а настанот беше збогатен со трка со велосипеди околу мавровското езеро како и забава на отворено со музичка програма до раните утрински часови. Полетиштето беше од Ски Стазата кај едносед а целта на стадионот во Маврово. Исто така беше овозможено за сите заинтересирани по промотивна цена да пробаат тандем лет со искусните летачи.

 

DSC_0070 DSC_0446 DSC_0431 DSC_0311 DSC_0306 DSC_0213 DSC_0191 DSC_0167 DSC_0141 DSC_0113

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]