[:mk]

Во рамките на своите надлежности а согласно Годишната програма за работа, Националниот парк Маврово изминатиов период спроведува еколошки акции за чистење на отпадот на целата територија на паркот. Овие акции се редовни и ќе продолжат да се спроведуваат во иднина и воедно ги повикуваме сите институции, здруженија и граѓани доколку имаат желба можат да се приклучат кон истите и упатуваме апел до сите посетители и жители на паркот отпадот да го полагаат на места предвидени за тоа. Националниот парк Маврово исто така секогаш подржувал и ќе подржува вакви или слични иницијативи кои имаат за цел да ја подигнат свеста за заштитата на животната средина.

Исто така Националниот парк Маврово спроведува акција за подобрување на патната инфраструктура на својата територија при што се пополнуваат дупки на асфалтот и се пoткрастуваат дрвата кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, првично околу Мавровското езеро, а ке се продолжи на цела територија. Со ова вработените во паркот сакаат да дадат придонес, во текот на туристичката сезона, посетителите и жителите да имаат подобар и побезбеден пристап до Скијачкиот центар во Маврово како и до своите живеалишта.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]