[:mk]Фото и Видео

Текстот е превземен од: www.ribar.com.mk

Фотографии: www.ribar.com.mk

Во петокот со Емил отидовме на Радика, да ги пробаме мушиците и новата трска на Емил 🙂
Почнавме сабајлето, активност многу слаба, по некое рипче и толку. Како затоплуваше, почнуваше да се зголемува активноста. И после 10-11 ги заредивме, рибата јадеше многу убаво, фативме многу пастрмки. Извадивме по 4-5 големи и по неколку големи ни се откачија.
Последната што ја извади Емил беше капиталецот на денот, радичка пастрмка над 2 кг, која ја вадеше 10-тина минути (се гледа на клипот, ама споен е од повеќе клипови со прекини) и при чие вадење испланинари едно 70-80 метри карпи 🙂
Другите риби кои ги добивавме дента (дел од нив се сликани, дел не) беа од околу 400-500 грама до кило, кило и двеста/триста, од 30-58 см.
Одличен ден на Радика, одамна немало ваков продуктивен ден со големи примероци на риби.

Бистро и уживајте во фотките

https://www.youtube.com/watch?v=ZsO5N_dnG_k[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]