[:mk]Денес во Скопје по повод Светскиот ден на туристичките водичи, беа промовирани веб платформа наменета за резервација и понуди на туристички водичи, како и мобилна апликација и посебен туристички веб портал за Националниот парк “Маврово“.

Целта е овие алатки да овозможат полесен пристап до туристичките информирации како и олеснување на процесот за резервација на најразлични услуги, при што ќе се промовираат и давателите на услуги во туризмот.

За време на претставувањето на мобилната апликација за Националниот парк “Маврово“ се обрати и директорот Самир Ајдини, кој покрај другото истакна дека развојот на туризмот на територијата на Националниот парк претставува клучен стремеж во планираниот долгорочен одржлив раст.

Според него, развојот на оваа апликација и веб страна претставува клучен чекор кон подобрување на промоцијата на туристичките понуди во рамки на паркот. Преку апликацијата ќе се промовираат сите туристички капацитети, туристичките понуди, најважните туристички локалитети и слично.

Новина е тоа што во прва фаза апликацијата ќе нуди и опции за симнување на ГПС фајлови за сите планинарски и велосипедски патеки кои водат низ паркот, плаќање на законските такси за влез и посета на националниот парк, како и уплата за купување на дневна риболовна дозвола со што ќе се помогне на рибарите и ќе им се понуди дополнителна опција за извршување на оваа нивна обврска, во секое време. Планот е апликацијата постојано да се развива и наскоро се очекува поставување на нова опција “копче за безбедност” наменета за брза реакција и лоцирање на туристите при евентуални незгоди.

Директорот Самир Ајдини исто така истакна дека само со заеднички сили може да обезбедиме сеопфатна понуда која ќе привлече поголем број туристи во текот на целата година а со тоа и да се овозможи поголем локален економски раст.

Апликацијата и веб страната се изработени во партнерство со швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ (Increasing Market Employability), а истата официјално ќе се пушти во употреба за неколку дена. Веб адресата за новиот веб портал ќе биде www.npmavrovo.mk а апликацијата ќе биде поставена на google play store и app store од каде истите ќе може да се превземат.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]