[:mk]Нционалниот парк Маврово како еден од крајните корисници на проектот: Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари, беше домаќин на претставниците кои се задолжени за спроведување на проектот. Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини одржа состанок со координаторот на проектот професор Петер Пеинл, Деканот на Воената академија професорот Орце Поповски проект-менаџерот од Воената академија Никола Клетников со преставниците на COMICON од Бугарија кои се партнери во проектот и претставници од Главната дирекција за противпожарна и цивилна заштита од Бугарија кои се крајни корисници во проектот од Република Бугарија

Проектот веќе се наоѓа во завршна фаза и на овој состанок се сумираа исполнетите обврски од сите страни но и се утврдуваа очекуваните резултати што требаше да се постигнат со овој проект.

Во Националниот парк Маврово се поставија три предаватели со по пет сензори за рана детекција на пожари, професионален дрон беше доделен од страна на проектот, беше извршена обука на неколку вработени од НП маврово за ракување со дронот и беа развиени софтверски решенија за функционирање на целиот систем.

Проектот: Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари е финансиран во рамките на повикот за Програмата за цивилна заштита: 2016. Главната цел на проектот е развивање на напредни концепти за системите за рано откривање на шумските пожари со интегрирани мрежи на сензори и мобилни технологии (дронови) за собирање, стекнување и анализа на податоци, што ќе овозможи подобрување на процентот на откривање на пожари во областите од висок степен на важност. Системот ќе овозможи иден развој и инплементација на различни методологии во почетната фаза на предупредување, локализација и организација на противпожарните тимови и тактики за спречување на природни несреќи.

Освен НП Маврово краен корисник на овој проект е и Националниот парк Пелистер.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]