[:mk]22.05.2019

Ученици и наставници од ООУ Крсте Петков Мисирков – Радовиш , беа во посета на ЈУНП Маврово. Средбата се одржа во рамките на  проектот за инкубација на јајца од загрозени видови на птици – награден од страна на фондот за иновации , при што гостите пред поголем дел од вработените во паркот направија промоција на проектни активности и нивните идни планови.

ЈУНП Маврово дава целосна поддршка за реализација на вакви проекти посебно кога тие се иницирани од млади луѓе, и затоа прифати да им помогне при изнаоѓање на јајца од специфични птици од територијата на паркот со цел нивна инкубација.

На крајот од официјалната средба, за гостите беше организирана кратка прошетка низ националниот парк.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]