[:mk]23.05.2019

Во период од 21-22 мај 2019 во Стреза (Италија) се одржа 14-тиот годишен состанок на Европскиот систем за запознавање со поплавите European Flood Awareness System  (EFAS). Средбата беше организирана под покровителство на Коперникус Услугите за управување со вонредни состојби (ЕМС), Copernicus Emergency Management Services (EMS).

Состанокот започна во вторник на 21 мај во утринските часови и заврши во среда на 22 мај во попладневните часови. За време на годишниот состанок се организираа работилници, обуки и отворени дискусии кои се осврнаа на различни интереси поврзани со ЕМС.

Заедничкиот состанок на сите служби: мапирање, поплава, шумски пожари и суша се реализира првиот ден.

На состанокот беа презентирани постигнатите резултати во проектот ASPires од страна на координаторот на проектот професорот Петер Паин од Фулда универзитетот за применети науки од Германија. За време на состанокот како крајни корисници на резултатите  присуствуваа директорот на националниот парк Маврово господинот Самир Ајдини и претставникот од НП Пелистер господинот Зоран Пројчевски од Македонска страна и господинот Јулијан Грнчаров од Република Бугарија. За време на состанокот се остварија контакти и разменија мислења поврзани со подобрувањето на заштитата од шумски пожари и раната детекција на шумските пожари.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]