[:mk]

Кандидатите за водачи во планина, деновиве реализираа дел од обуката во која се предвидува посета на други планинарски центри во државава. Обуката се одвиваше во центарот за обука на водачи во планина сместен во националниот парк Галичица – с. Велестово, општина Охрид. Кандидатите покрај теренската работа и турите на Галичица, имаа можност да се запознаат со основните постапки за давање на прва помош, а исто така посетија краток курс од областа на културното наследство на Р.Македонија и Балканот.

Обуката траеше 3 дена а кандидатите уште на почетокот на истата имаа можност да се искачат на неколку врвови на панината Галичица и да поминат преку 15км. при што имаа можност да учат движење по непознат терен со помош на читање од мапа, ориентирање во природа, постапки при водење на групи и повреди во планина. Она што остави посебен впечаток на сите учесници на овие тури беше прекрасниот поглед на Охрид и Охридското езеро.

Во текот на вториот и третиот ден поголемиот дел од обуката се организираше во просториите на центарот за обука. Во делот предвиден за прва помош кандидатите имаа можност да присуствуваат на предавања т.е симулации на повреди и постапки во различни ситуации, кои ги организираше центарот за прва помош при градот Охрид потпомогнати од предавачи од Англија т.е здружение за спасување од градот Манчестер.

Делот од обуката која се однесуваше на културното наследство на Р.Македонија и земјите од Балканскиот полуостров опфати предавања за периодот од антиката, доцната антика и ранохристијанскиот период како и средниот век.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]