[:mk]Покрај редовните пошумувања кои Националниот парк Маврово ги извршува во рамките на своите надлежности, истиот секогаш активно се вклучува во настанот „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“. Оваа година мотото на акцијата беше „Садиме денес –пишуваме и праќаме писмо на мирот“. Во осмата акција „Ден на дрвото“ беа засадени дрвца во близина на населените места, во близина на вештачките езера, во националните паркови и покрај локалните и регионалните патишта. Вработените во Националниот парк Маврово заедно со учениците од училиштата што се на негова територија пошумуваа на шест локации и тоа: во Долна река (каде што се пошумуваше костен), во близина на с. Скудриње, на потегот од с. Никифорово до с. Маврово (каде што се пошумуваше бор), на локации кај селата Галичник, Селце и Сушица како и на локацијата Кутел (каде што се пошумуваше даб). Националниот парк Маврово го изразува своето огромно задоволство од успешно реализираната акција, а воедно им се заблагодарува на сите оние кои беа дел од оваа акција, воедно најавувајќи дека Паркот е секогаш расположен да подржува вакви акции и иницијативи.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]