[:mk]

Согласно годишната програма во којашто се предвидува организација на повеќе еколошки акции, Националниот Парк Маврово на 21 и 22.03.2012 година организираше акција за чистење на регионалниот пат и околината на реката Радика на потегот од с.Трница па сè до с.Скудриње. Активноста којашто се одвиваше во текот на вториот ден, воедно беше и дел од кампањата „Сите во акција за зелена Македонија – 2012“ организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт, и е во согласност со Програмата на Владата на Р.Македонија за чиста околина.

Кампањата што официјално започна на „Светскиот ден на водите“, ќе се спроведе во неколку циклуси, и во истата се вклучени повеќе државни институции, спортски федерации и невладини организации.

За успешното спроведување на акцијата во која беа собрани преку 2000 вреќи со отпадоци, покрај вработените во ЈУНП Маврово се вклучија и  вработени од локалната самоуправа, ученици од општинската гимназија, како и дел од локалното население.

Вакви настани во организација на паркот, а во тесна соработка со останатите локални институции како и граѓаните на општина Маврово и Ростуше ќе се организираат и во текот на месеците април и мај.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]