[:mk]

Oваа пролет, во рамките на проектот за заштита на балканскиот рис, Македонското еколошко друштво и Националниот парк Маврово започнаа со имплементација на третата интензивна сесија на фото-замки во рамките на паркот. Сесијата започна на 9 март и ќе трае точно 60 дена. По овој двомесечен период, паркот ќе се збогати со галерија на извонредни фотографии од богатата фауна која ја поседува. Исто така, ќе се добие една појасна претстава за бројот на рисови кои живеат во и во близина на паркот, нивната густина и трендот споредбено со податоците од 2008 и 2010 година.

Националниот парк Маврово претставува едно од најзначајните подрачја за опстанокот на ова  критично загрозено животно. Паркот претставува единствен регион каде е потврдена репродукцијата на рисот.

До сега овогодинешната сесија на фото-замки резултираше со 22 слики на рис од седум различни локации во паркот.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]