[:mk]

Во организација на Националниот парк „Маврово“ и Општината Маврово и Ростуша, а потпомогнато од  Холандската амбасада во Република Македонија, на 16.06.2013 по петти јубилеен пат се одржа манифестацијта Маврово тура 2013. Во организацијата на овој настан значаен придонес имаа хотелско-угостителските објекти од Маврово кои помогнаа оваа манифестација да помине во најдобар ред.

Како и минатите години покрај професионалните велосипедски трки на големиот и малиот маратон, манифестацијата беше збогатена со уште неколку активности и тоа: рекреативно возење со велосипед околу Мавровското езеро, планинарски пешачки тури, посета на пештерата „Шаркова дупка“ како и возење со жичарницата.

Програмата започна со стартот за големиот и малиот маратон околу 09.00 часот, а после поздравните говори на Директорот на Националниот парк „Маврово“ г-дин Онер Јакупоски, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди и Амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија Нејзината Екселенција Мариет Шурман беше означен стартот на рекреативната тура околу Мавровското езеро, пешачките тури, а се отворија и пештерата „Шаркова дупка“ и жичарницата.

На плоштадод беа постаени неколку штандови на кој можеше да се проба дел од традиционалната храна од Мавровскиот крај, а за забавната програма во текот на целиот ден одговорен беше бендот „план Г“

На крајот беа доделени наградите од лотаријатата што ги обезбедија спонзорите и беа прогласени најуспешните во малиот маратон и големиот маратон.

Голема благодарност до сите што зедоа учество во организацијата на Маврово Тура 2013 како и на сите посетители за укажаната доверба и присуството во голем број.

Се гледаме наредната година…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]