[:mk]

Во рамките на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и промоција на Македонија како дестинација за активен туризам, во просториите на Националниот парк „Маврово“ се одржа средба помеѓу Директорот на Националниот парк „Маврово“ г-нот Онер Јакупоски и Директорот на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси  г-нот Карл Ларкинс и Директорот на УСАИД мисијата во Македонија Џејмс Стеин.

На состанокот се разговараше за динамиката на активностите во врска со одржливото собирање на диворастечки растенија и печурки и се констатираше дека проектот е во напредна фаза и се реализирани планинраните активности во насока на обука на собирачите за одржливо собирање и големиот интерес за посета на истите.

Во рамките на посетата на партнерите од УСАИД се посетија селата Врбен и Ростуше каде се оствари непосредна средба со собирачите на диворастечки растенија и печурки при што тие изразија задоволство од досегашната динамика на проектот и за соработката со паркот и нивната зголемена свест дека одржливото собирање на диворастечки растенија и печурки придонесува за зголемување на популацијата на истите како и економскиот бенефит што се остварува со правилното собирање.

На собирачите од страна на Националниот парк им беше објаснет новиот правилник за собирање на диворастечки растенија и печурки донесен од страна на Управниот одбор на паркот за сите растенија кои се предмет на собирање, на жителите од с. Врбен им беа поделени прирачници за одржливо собирање, а на жителите од с. Ростуша  покрај прирачниците за одржливо собирање им беа поделени сертификати и прашалници за анкетата на УСАИД.

Националниот парк „Маврово“  во партнерство со УСАИД ќе реализира серија активности во областа на туризмот.

Во рамките на таа соработка планирано е да се реализираат проекти за подршка, развој и унапредување на активниот туризам кој има за цел привлекување  туристи со висока културна и еколошка свест, а се карактеризира со поврзаност со природата, интеракција со културата и физичка активност и се манифестира со следниве активности: пешачење, јавање на коњи, велосипедизам и планински велосипедизам, посети на пештери, планинарење, параглајдерство, кајакарство, нуркање во слатки води, трекинг, скијање/сноубординг, културолошки искуства, археолошки експедиции и истражување на руралните предели и села за кои во Националниот парк „Маврово“ има одлични услови.

Иако дел од овие активности веќе се наоѓаат во понудите на туристичките агенции и тур-оператори, нивното унапредување сигурно ќе резултира со поголема заинтересираност за туристите да го посетат паркот и ќе придонесат за зголемување на туристичкиот промет.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]