[:mk]

Викендов  како дел од традиционалната Манифестација Маврово Тур, се одржа и настанот -Маврово маунтинбајк викенд, при што се одржа првата трка во планински велосипедизам на Светската велосипедска федерација (UCI) во Македонија. Во трката се натпреватуваа 15 елитни планински велосипедисти од целиот регион за квалификациони поени за учество на Олимписките игри во Бразил во 2016 година.
Дводневниот настан е организиран од Енерџи Сајклинг, со поддршка од Националниот парк Маврово, Општина Маврово и Ростуше, и Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Во машка конкуренција (32 км), првото место на трката го освои Александрос Брохидис од Грција, додека второто и третото место им припаднаа на Александар Роман од Србија и Јован Трајовиќ од Грција. Во женска конкуренција (20 км), првото место го освои Ивана Костиќ од Србија, додека второто и третото место им припаднаа на Анета Антовска од Македонија и Гомна Варданидоу од Грција.
За време на вториот натпреварувачки ден во Маврово се одржаа два планински велосипедски маратони (42 км и 90 км) и една рекреативна друмска тура (31 км) кои се дел од истиот настан. Маврово Тур -Маврово маунтинбајк викенд според проценките привлече повеќе од 400 професионални велосипедисти, учесници на маратонските трки и 50тина учесници на рекреативниот маратон, што за разлика од претходните години укажува дека и домашните и странските посетители, пројавуваат се поголем интерес за возење на планинските велосипедски тури.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, оваа година финансиски поддржува 10 настани низ Македонија во сферата на активниот и спортскиот туризам. Преку поддршката на овие настани, проектот го зајакнува капацитетот на Македонија за привлекување на странски туристи со интерес во спортскиот и активниот туризам. Овој проект на локално ниво е поддржан и од ЈУНП Маврово, а двете институции веќе соработуваат на реализација на уште неколку значајни проекти.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]