[:mk]Почвите како природно историски тела и одделните шумски и тревести фитоценози се составни делови
на биогеоценозата, односно екосистемот. Поради тоа, почвите и вегетацијата која се развива врз нив се
меѓусебно условени. Во високопланинското климатско подрачје, врз кисел матичен супстрат, под
влијание на мезофилно‐ацидофилната тревеста вегетација се образувале хумусно силикатните почви ‐
ранкери.
Во топлото континентално климатско подрачје, под плоскач‐церовите шуми се образувале циметните
шумски почви и еутричните кафеави шумски почви. Во ладното континентално климатско подрачје,
под буковите шуми се образувале дистричните кафени шумски почви, под буково‐еловите шуми се
јавуваат лесивирани дистрични камбисоли, додека под буково‐еловите шуми, врз карбонатен матичен
суспстрат се развиени кафеави почви врз варовници и органоминерали и браунизирани варовично‐
доломитни црници.

 [:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]