[:mk]Со најновиот закон за територијална поделба на Р.Македонија од 2004г. во рамките на општината Маврово и Ростуше во чија територија се наоѓа и националниот парк “Маврово„ влегуваат 42 населени места:

Аџиевци, Богдево, Беличица, Бибај, Битуше, Болетин, Велебрдо, Волковијa, Видуше,Врбен , Врбјани, Галичник, Грекај, Дуф, Жировница, Жужње, Јанче, Кичиница, Кракорница, Леуново, Лазарополе, Маврови Анови, Маврово, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново село, Орќуше, Присојница, Росоки, Ростуша, Рибница, Селце, Сенце, Скудриње, Сретково, Сушица, Тануше, Требиште, Тресонче, Церово.

Според последниот попис на населението општината има 8.618 жители и густина на население од 12,99 жители на км2. Според пресметките на Д-р Зунун Зунуни добиени како резултат од пописот на население од 2002 година во опшина  Маврово и Ростуше преовладува бројот на села во кои живеат мал број на жители. Според неговите истражувања:

  • 6 населени места се целосно иселени
  • 9 населени места имаат до 10 жители
  • 11 населени места до 50 жители
  • 2 населени места до 100 жители
  • 7 населени места до 300 жители
  • 4 населени места до 800 жители
  • 3 населени места над 801 жители

Во населените места кои се опфатени во рамките на НП „Маврово“ живеат припадници на македонската, албанската и турската заедница, а запишани се и припадници на ромската, српската и бошњачката заедница.
Како една од најзначајните културни вредности на овој предел треба да се смета мултиетничката застапеност на населението, кое, како низ историјата, исто така и денес живее во релативно хармонични односи, при што се настојува да се негуваат традициите на етничката разнообразност.

Сепак, како една од најзначајните карактеристики на идентитетот на локалното население е силно изразеното и се уште толку многу опредлеувачко чувство на припадност кон локалните заедници. Како што е веќе пошироко познато, на овие простори, во минатото во многу поголем процент, денес помалку, живеат припадници на заедницата на Мијаците, но тука во поголем број се и жителите на Долна и Горна Река- Реканци,и Мавровскиот регион- Мавровци. Затоа, за поголем дел од пределите за кои погоре пишувавме, може често пати да се чујат неколку поопшти определници како – Мијачија,Река,Долна Река, Горна Река, Мала Река, и сл.[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]