[:mk]Програмата за закрепнување на балканскиот рис е билатерален проект помеѓу Македонија и Албанија со партнерство на организации од Швајцарија и Германија. Веќе десет години во континуитет оваа програма работи на неколку столбови од конзервационата биологија: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан. Од први август 2016 година оваа програма влезе во својата четврта фаза на имплементација. За разлика од претходните три фази, новиот проект беше подготвен со помош на методологијата„Отворени стандарди за зачувување на животната средина“. Отворените стандарди се релативно нова алатка во конзервационата биологија која му помага на тимот да примени систематски начини при планирање, имплементација и мониторинг на идните проектни активности со цел да се види што функционира, што не функционира и зошто. На крајот тимот ќе може да ги адаптира и подобри своите напори во конзервација. Вкупно шест стратегии се сметаат за најзначајни за работа во Македонија: Прогласување на нови заштитени подрачја, Ефективност на веќе постоечките заштитени подрачја, Креирање на политикикои ќе придонесат во зачувување на рисот, Едукација на локално население, Истражување и мониторинг, Одржлив лов и борба против криволов.

Закрепнување на критично загрозен подвид како што е балканскиот рис е мисија која ќе трае долго време. Во последните 10 години од имплементацијата на програмата се дојде до сознание дека е од огромен значај да се продолжи со овие активности каде плански и целно ќе се настапи со цел да се редуцираат главните закани и да се обезбеди целосна заштита на јадровите подрачја за рисот – Националниот парк Маврово и планината Мунела во Албанија.

Во просториите на Информативниот туристички центар при Националниот парк Маврово се одржа состанок помеѓу претставниците на македонското еколошко друштво претставени од Славчо Христовски Претседател на МЕД, Диме Меловски и Ѓорѓе Иванов члeнови на МЕД и долгогодишни носители на програмата за закрепнување на балканскиот рис и Директорот на Националниот парк Маврово Самир Ајдини.

Претседателот на МЕД Славчо Христовски го запозна директорот за досегашните активности на МЕД кои се одвиваа на територијата на НП Маврово како и на другите подрачја, за резултатите од нивната работа како и за плановите во иднина. Членовите на МЕД Диме и Ѓорѓи подетално ја објаснија програмата за закрепнување на балканскиот рис, важноста на истата и потребата за продолжување на проектот на територијата на НП Маврово.

Директорот на НП Маврово Самир Ајдини  нагласувајќи ја важноста на проектите кои имаат за цел заштита и унапредување на животната средина, флората и фауната во паркот како и промоција на одржливиот туризам, даде целосна подршка на овој проект и истакна дека ќе продолжи соработката на Националниот парк Маврово и Македонското еколошко друштво.

Двете страни изразија задоволство од одржаниот состанок оставајќи простор за проширување на соработката и во други проекти каде што МЕД е вклучен и може да помогне.

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]