[:mk]

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија реализирајќи ја својата програма за 2015 во делот на поддршка на туризмот на 12.05.2015 година (вторник) оствари работна средба со директорот на Националниот Парк Маврово, г-дин Онер Јакупоски на која се предаде комплетна документација во вид на основен проект за „Летање во прирда“ (Zip Line). Проектот  подразбира поставување на систем за летање поврзан со дрвени платформи како и придружни објекти за опрема.

 

Со оваа нова содржина која ќе се реализира до Август 2015 година се овозможува збогатување на туристичката забавна, рекреативна и авантуристичка содржина во пределот на НП Маврово, овозможувајќи поголем број туристи да ужуваат во убавините на НП Маврово.

 

На состанокот со директорот на НП Маврово, г-дин Онер Јакупоски и со претставниците од АППТРМ заедно со директорот,   г-дин Кристијан Џамбазовски беа разгледувани идни можности за понатамошна соработка помеѓу овие две институции во делот на поддршка и промоција на туристичките можности.

 

Проектот „Летање во природа“ (Zip Line) прв пат се реализира кај нас и претставува нов туристички производ збогатувајќи ја туристичката понуда во нашата земја и на соодветен начин ќе придонесе за осовременување, унапредување и развој на еко-туризмот.

 

Целта на проектот е да се подобри конкурентноста и атрактивноста на туристичката понуда во Република Македонија и се надеваме освен НП Маврово и другите туристички дестинации во Македонија ќе го следат овој пример на збогатување на туристичката содржина.

 

текст: www.tourismmacedonia.gov.mk

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]