[:mk]

Во организација на Националниот парк „Маврово“, Општината Маврово и Ростуша и Холандската амбасада во Република Македонија, по четврти пат се одржа хуманитарната манифестеција Маврово тура 2012. Во подготовките и реализацијата на истата учествуваа и добар дел од хотелите во Маврово како и голем број на спонзори и помагатели. Покрај професионалните велосипедски трки на големиот и малиот маратон, манифестацијата беше збогатена со уште неколку активности и тоа: рекреативно возење со велосипед околу Мавровското езеро, планинарски пешачки тури, посета на пештерата „Шаркова дупка“ како и возење со жичарницата.

На плоштадот беа поставени неколку штандови на кои можеше да се купат сувенири, а воедно и да се проба од локалната храна и од индонезиската кујна која се припремаше на штандот на Холандската амбасада. Програмата започна со стартот за големиот и малиот маратон околу 09.00 часот, а после поздравните говори на Директорот на Националниот парк „Маврово“ г-дин Онер Јакупоски, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди и Амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија Нејзината Екселенција Мариет Шурман беше означен стартот на рекреативната тура околу Мавровското езеро, пешачките тури, а се отворија и пештерата „Шаркова дупка“ и жичарницата.

Манифестацијата беше збогатена со културно-забавна програма на која зедоа учество Александра Пилева, Александар Белов, КУД „Рекански бисер“ и за прв пат оваа година зедоа учество и децата од Сојузот на извидници на Македонија. Годонешнава манифестација се одвиваше под мотото „Ти си на ред – МОЖЕШ АКО САКАШ“, а средствата собрани од продажбата на маиците и билетите од пештерата и жичарницата ќе бидат наменети за изградба на ургентниот центар на Универзитетската клиника за детски болести. На крајот беа доделени наградите од лотаријатата и беа прогласени најуспешните во дисциплините cross country, малиот маратон и големиот маратон.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]