[:mk]

Новитети за поквалитетен планински туризам во Националниот Парк Маврово

 

Маврово (18.01.2016)

– Националниот парк Маврово и Здружението на водичи во планина Апленд  Доживување потпишаа договор со кој ја продлабочија својата соработка за организирање и спроведување на планински тури на територијата на паркот. Со овој договор, покрај ексклузивното право за користење на детската патека Бунец на која ќе се организираат  и спроведуваат  детски планински тури, водичите од Апленд се здобија со право и за користење на планинарските патеки за организирање на тури за планинарење. Од друга страна, здружението Апленд се обврза да ги одржува патеките и да се грижи за сигнализацијата на патеката заедно со вработените во Националниот парк Маврово.

 „Со овој договор, Националниот Парк Маврово и здружението на водичи во планина Апленд влегуваат во партнерски однос со кој на планинските туристи во Маврово ќе им понудиме подобро одржувани и подобро означени патеки, но и подобри услуги од обучени и локални водичи од здружението. Се надеваме дека со оваа соработка, ќе се зголеми квалитетот на планинските тури кои се нудат во Маврово, но исто така ќе се зголеми и бројот на планински туристи“, изјави Директорот на Националниот Парк Маврово, г. Онер Јакуповски.

Преку овој договор се интензивира соработката на Националниот парк Маврово со приватниот сектор, претставен преку здружението Апленд, а со кој се прават напори за подобрување на квалитетот на услуги за планинските туристи.

Се надевам дека преку оваа соработка ќе понудиме подобри и поквалитетни планински тури, со локални едуцирани и обучени водичи кои најдобро ги познаваат патеките и природните богатства на овој крај“, изјави претседателот на здружението на водичи во планина Апленд  Доживување, г. Фејсел Идризи.

Туристичкиот Информативен Центар на Национален Парк Маврово ќе адаптира работен простор за состанување и континуирана работа на групата за менаџмент на дестинација  од Маврово. Сите работни алатки и мапи на проток на туристи ќе бидат поставени и видливи за сите што имаат предлог идеи за развој и подобрување на туристичката услуга во Маврово. Инфо Центарот на Национален Парк Маврово ќе биде точка каде туристите и бизнисите ќе може да се информираат за плановите за сезоната, календарот на настани во сезона, плановите за развој на активниот туризам и што од ова е веќе достапно во Националниот Парк.

Оваа година, скијачката сезона во Мaврово беше отворена на 14ти jануари и по втор пат бизнисите во дестинацијата подготвија календар на настани кој може да се види на социјалните мрежи, флаери во магазините и банери во дестинацијата.

Соработката помеѓу Националниот парк Маврово и Здружението Апленд започна со отворањето на едукативната детска патека во Маврово, за што добија и обука за работа со деца преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  Swisscontact.

[Best_Wordpress_Gallery id=”29″ gal_title=”Potpisuvanje spogodba-aplend”]

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]